Неколку збора
за нас


Традицијата е важна

Ресторанот Скопски Мерак беше основан и отворен на 21 – ви Мај 1991 година во стара куќа на улицата Андон Дуков во населбата Дебар Маало во Скопје. Започнавме со 5 маси и 20 пластични столици и од кои во 2011 година со гордост го отворивме новиот Скопски Мерак на популарната улица Дебарца, исто така во населбата Дебар Маало.


Благодарност

Сакаме да изразиме благодарност до сите оние кои не подржуваа во изминатите години, на целиот наш персонал сиот овој изминат период, но и благодарност до нашите конкуренти, кои постојано не мотивираат да се стремиме кон постојано подобрување, а сè со цел во интерес на нашите ценети клиенти.

Градски ресторан
со традиција



Раните почетоци

Влеговме во бизнисот како млади луѓе, полни со енергија и ентузијазам, претприемачи со цел и визија да развијат и да воведат нови стандарди во угостителството. Енергијата и ентузијазмот се сеуште во нас и тоа ќе остане така како што продолжуваме да работиме со надеж дека во текот на следните години содржината на овој текст ќе биде напишана од нашите деца.